Connect with us

Фудбал

Фудбалерот му даде дрес, следеше брутален напад: Напаѓачите подоцна направија невидена глупост (ВИДЕО)

Откако заврши натпреварот, практиката на навивачите стана да ги бараат дресовите на тимот за кој навиваа. Така беше и по полуфиналето на Лигата на нации меѓу Франција и Белгија.

Откако Триколорите славеа со 3:2 по пресвртот, Кунде им пријде на навивачите зад голот за да му го подари дресот на навивач кој носеше парола со натпис за дефанзивецот на Севилја да му го подари дресот.

Клемент Таусер имаше среќа што го доби дресот, но неговата среќа беше краткотрајна бидејќи веднаш беше нападнат од неколку други фанови за да го земат неговиот дрес.

„Некој ме нападна за да ми го украде дресот. Тоа беше вистински физички напад. Други обожаватели се обидоа да ми помогнат, за разлика од агентот кој тивко гледаше се“, напишал Таузер.

„Двајца пријатели на напаѓачот, исто така, дојдоа да му помогнат. Еден навивач се обиде да ми помогне. Јас се спротиставив, четири на еден, но потоа тие физички ме нападнаа. Ме фатија за раката и почнаа да ме удираат додека не се предадам“.

Напаѓачите успеаја да избегаат од стадионот, но тие ја објавија приказната на Инстаграм во која го споменуваат фудбалерот, што беше многу глупав потег бидејќи веднаш беа разоткриени. Погледнете го нападот овде.

Климент ја нашол објавата и поднел жалба против напаѓачот за да си го врати дресот. Италијанската полиција веднаш започна истрага.

Таузер нагласи дека Кунде ќе му даде нов дрес по завршувањето на финалниот натпревар Шпанија – Франција.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама