Connect with us

Фудбал

Фудбалерот се извини на навивачите на Милан за забавата по поразот од 5:0 од Аталанта

Фудбалерот на Милан, Давиде Калабрија се извини за прославата на роденденот по катастрофалниот пораз од Аталанта од 5:0.

– Имам целосна одговорност и им се извинувам на оние што индиректно ги навредував, но тоа не беше мојата цел, напиша Калабрија на Инстаграм. Забавата беше организирана од многу одамна. Мојот роденден е 6 декември, но решив да го славам на 22 декември, кога започнаа зимските празници. Никој не можеше да предвиди таков пораз, напиша Калабрија на Инстаграм.

Видеа и фотографии од прославата на роденденот на фудбалерот се појавија на Интернет, а особено едно, на кое беше Рафаел Леао, како се забавува со шампањско предизвика револт кај навивачите на Милан. Најнапред Леао тврдеше дека снимката е стара, но по се изгледа дека видеото е снимено на родентенот на Калабрија.