Connect with us

Фудбал

„Фудбалот преживеал војни, ќе преживее и коронавирус“

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави денеска дека е убеден дека навивачите наскоро ќе се вратат на натпреварите.

– Лично, јас сум апсолутно сигурен дека добар, стар фудбал со навивачите ќе се врати многу наскоро, рече Чеферин.

Тој е на мислење дека вирусот нема да трае вечно.

– Мислам дека ситуацијата ќе се промени многу брзо. Не ми се допаѓа оваа апокалиптична состојба, да треба да чекаме за втор, трет, дури и петти бран. Фудбалот не се смени по Првата и Втората светска војна, нема ниту по пандемијата, заклучи претседателот на УЕФА.