Connect with us

Тајмаут

Фудбалски судии уапсени поради кражба на сообраќајни знаци, нема да судат во Лигата на шампионите

Фудбалските судии Бартош Франковски и Томаш Мусијал синоќа се уапсени поради кражба на сообраќајни знаци, објавија полските медиуми. Двојката вечерва требаше да биде во ВАР просторијата на мечот меѓу Динамо Киев и Ренџерс во квалификациите за Лигата на шампионите во Лубин, Полска, но по скандалот нема да бидат таму.

Франковски и Мусијал синоќа околу 1 часот и 30 минути украле сообраќајни знаци, а полицијата добила дојава дека некој намерно уништува и крадел табли на улиците на Лубин.

Полицијата набрзо уапсила тројца мажи за кои се очекувало да бидат под дејство на алкохол, односно Мусиала имал 1,8 промили алкохол во крвта, а Франковски 1,7.

„Околу 01 часот и 40 минути добивме пријава дека тројца мажи носат сообраќајни знаци на улица. На местото на настанот дојде полицијата, а сите мажи кои беа уапсени имаа над 1,5 отсто алкохол во крвта. Тие се однесени во центар за отрезнување“, соопшти полската полиција.

Идентитетот на третиот човек се уште не е познат, а УЕФА објави дека наместо двајцата, во ВАР-собата ќе го испрати полскиот двоец Томаш Квјатовски – Павел Малец.