Connect with us

Фудбал

Фудбалскиот гигант се избламира! Покетино пред финалето на Лигата на шампиони се шегуваше со Реал, но тие тоа го сватија сериозно!

Фудбалерите на Тотенхем, за финалето на Лигата на шампиони кое се игра во Мадрид против Ливерпул, се подготвуваат на комплексот во сопственост на Реал, на помошниот терен „Valdebebas”. И, тоа не би било ништи чудно да не се случеше една урнебесна сцена.

Тренерот на клубот од Лондон Маурисио Покетино после првиот тренинг во главниот град на Шпанија се шегувал на сметка на „кралевите“.

-Го замолив претседателот на Реал да ни дозволи да спиеме во спортскиот центар каде и тренираме, но тој ми рече тоа може да се случи кога ќе станам тренер на Реал, рекол Покетино смеејќи се.

Но оваа шега од страна на Реал Мадрид ја сфатиле доста сериозно, па испратија дури и соопштение.

-Реал Мадрид секогаш излегува во пресрет на УЕФА со цел успешно реализирање на финалето, но барањата беа само отстапување за користење на дел од нашите терени.