Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фудбалскиот храм полека, но сигурно се претвора во „вселенски брод“

Најголемите светски клубови се обидуваат да имаат што е можно посовремени стадиони со цел да им овозможат на навивачите најголема можна атмосфера на натпреварите.

Стадионот Сантијаго Бернабеу е еден од најкултните во светот на фудбалот, но овој вистински фудбалски храм ќе изгледа како вселенски брод откако ќе заврши реконструкцијата.

Фактот дека во Реал се играше фудбал без публика, веќе некое време се користи за забрзување на работите, а трансформацијата на стадионот е во полн ек.

Работите траат со месеци, а Реал преку шестминутно видео објави што е направено во изминатиот период и како всушност изгледа стадионот во моментот.

Најзначајни промени се изградбата на нови кули и работата на клучните елементи на новиот покрив.

Патем, како што стојат работите сега, Реал Мадрид ќе ја започне новата сезона на стадионот „Алфредо ди Стефано“, каде минатата сезона играше во финалето.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com