Connect with us

Фудбал

Фудбалскиот клуб Барселона најави дека утре ќе се приклучи на генералниот штрајк „Маса за демократијата“

Фудбалскиот клуб Барселона најави дека утре ќе се приклучи на генералниот штрајк „Маса за демократијата“ во Каталонија и дека ќе ги затвори вратите на сите спортски секции.

Играчите од првиот и младите тимови на Барселона ќе останат дома и нема да се појават на тренинг.

Штрајкот е закажан по референдумот за независност на Каталонија, кој резултираше со хаос и насилство низ улиците, поради акцијата на полицијата да го спречи истиот.

Претседателот на клубот Бартомеу изјави дека насилствата низ улиците ги растажиле сите во тимот, а Пике кажа дека натпреварот помеѓу Барселона и Лас Палмас му бил најлошото искуство во кариерата.