Connect with us

Фудбал

Габиадини спаси бод против нововлезениот прволигаш Њукасл

Саутемптон неуспеа на домашен терен да го совлада нововлезениот прволигаш Њукасл.

Иако тимот на Њукасл со головите на Исак Хајден (20.минута) и Ајозе Перез (51. минута) во два наврати имаше предност, сепак домаќините успеаја да се вратат во игра и да освојат бод.

За тоа се погрижи Маноло Габиадини кој ги постигна двата гола, првиот во 49.минута, а вториот во 75.минута од пенал.

Со по еден освоен бод, Њукасл и Саутемптон останаа на 10-то и 11-то место на табелата со 11, односно девет бода.

На првиот натпревар кој се одигра денеска, Брајтон беше блиску да направи изненадување во дуелот против Евертон, но благодарение на голот на Веј Руни од пенал во последната минута гостите извлекоа нерешен резултат 1-1.

Брајотн и Евертон се во групата од пет екипи од 13. до 17.место со по осум освоени бодови.

Осмата рунда во Премиер лигата ќе биде заокружена утре со средбата Лестер – ВБА.