Фудбал
Галатасарај не се откажува од Фелаини
Галатасарај е фаворит за потписот на Белгискиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.
Искусниот играч за врска пред неколку денови ги информирал челниците на Јунајтед дека не сака да ја продолжи соработката, а се погласни се шпекулациите дека постигнал договор за преселба во Истанбул.
Со преселбата во Истанбул, поранешниот фудбалер на Евертон ќе си обезбеди годишна плата не помала од 5 мил. евра.