Connect with us

Фудбал

ГАЛЕРИЈА: Велтон и Роналдо го матираа Шкупи

Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига екипата на Шкупи загуби со 0:2 од Левски Софија.

На катастрофалниот и очаен терен на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, Левски победи од две вистински шанси, една во клучен период за да поведат и втората длабоко во судиското надополнување за да ја зацементираат победата.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Рикардињо прими една долга топка и го проигра Велтон, кој рутински реализираше за 0-1.

Конечните 0-2 беа поставени во 94. минута, по еден корнер топката заврши кај Роналдо, кој од само неколку метри немаше мака да ја затресе мрежата на Шкупи.

За чаирчани сега останува реваншот за седум дена во Софија во обидот за евентуално изненадување на Левски и пласман во следната рунда натпревари од УЕФА Конференциската лига.

Advertisement