Поврзи се со нас

Фудбал

Гатузо бесен на играчите: Ќе добијам срцев удар

Наполи и Елиф Елмас синоќа славеа на гостувањето кај Ријека со 2:1 во третото коло од Лига Европа. Иако победија, сепак тренерот Џенаро Гатузо според реакцијата не е задоволен од играта на својот тим.

– Работите одеа во наша полза, но доколку немавме среќа, ќе беше многу тешко да се вратиме резултатски. Сакам да ја гледам играта од второто полувреме во текот на сите 90 минути на секој натпревар. Еден ден ќе добијам срцев удар поради ова. Не беше доволно добро. Се подготвувавме за натпреварот, знаевме против каква екипа играме и затоа сум лут. Очигледно е моја грешка што не бевме концентрирани во текот на сите 90 минути, вели Гатузо.

loading...

Facebook