Connect with us

Фудбал

„Газда“ Ибрахимовиќ прави хаос во Милан! Три инциденти со тренерот, кого се подготвува да го отпушти, во кавга и со сопствениците

Милан го тресе криза, не само резултатски, туку и клупски бидејќи целосно се нарушени односите меѓу советникот Златан Ибрахимовиќ и тренерот  Фонсека.

Ибра сака да го смени Фонсека по пет одиграни натпревари и таков епилог ќе биде објавен во случај на нов неуспех на градското дерби против Интер во недела. Дека тоа е практично завршена работа говори и фактот што двајцата веќе имале три инциденти.

Се започна кога Фонсека изјави дека со потписот на Јусуф Фофана го завршил преодниот рок за Росонерите, а еден ден подоцна Златан на пресот изјави дека ќе заврши само кога тој ќе го каже тоа.

Португалецот веднаш се пожалил во клубот за однесувањето на Ибрахимовиќ, но ниту тоа не го спречило поранешниот голгетер да продолжи да се однесува како што сака. Ибра го нарушил авторитетот на Фонсека како тренер со тоа што ги собрал играчите по киксот со Торино без тој да присуствува, а истото го направил и пред натпреварот со Ливерпул оваа недела. Потоа нагласил дека тој е газда и ги испрашувал играчите за нивниот однос со Фонсека. И тоа не е се. Ибрахимовиќ влегол во кавга и со сопствениците на клубот кои не го делат неговиот став, а прашање е уште колку ќе го трпат. Несомнено е дека деновите на Фонсека на Сан Сиро се избројани и не би било чудно доколку Швеѓанецот наскоро тргне по истиот пат.