Фудбал
Геј навивач застана пред катарскиот амбасадор: „Имам односи со друг маж, а фудбалот го поддржува тоа“
ЛГБТ популацијата се најде во сериозен проблем пред Светското првенство во Катар.
Организаторите на Светското првенство јасно ги предупредија припадниците на оваа популација јавно да не ја истакнуваат својата сексуална ориентација или би можеле да се соочат со сериозни последици.
Пред неколку месеци, претседателот на организацискиот одбор на Светското првенство во Катар, Насер Ал Катер, постави јасни правила на однесување за ЛГБТ луѓето. Можам да дојдам на првенството, но со почитување на правилата.
„Кај нас не е дозволена хомосексуалност, но ви ветувам дека сите ЛГБТ лица ќе бидат безбедни за време на Светското првенство. Ќе им биде дозволено да ги гледаат натпреварите, но под услов да не ја изразуваат својата сексуалност во јавност. Ве молиме да го почитуваат тоа. Тие доаѓаат како навивачи и ќе им биде дозволено да навиваат“, рече Ал Катер.
Интересна ситуација поврзана со Катар и Светското првенство се случи пред неколку дена во Германија. Претставникот на Здружението на поддржувачи на Германија, Дарио Минден, кој исто така е геј, одржа говор пред катарскиот амбасадор.
Решил да каже апсолутно сè. Катарскиот амбасадор со неверување ги слушаше зборовите што ги изговори Минден и горко се насмеа.
„Јас сум маж и сакам мажи. Немојте да се шокирате, но имам односи со други мажи. Нормално е и навикнете се или оставете го фудбалот“, ја започна приказната Минден и продолжи:
„Најважното правило во фудбалот е: Фудбалот е за секого. Не е важно дали сте лезбејки или геј – фудбалот е за секого. За момчиња, за девојки. За секого“.
A representative of Germany's association of fan and ultra groups went on stage to speak to the DFB's conference on human rights in Qatar ahead of the World Cup.
Here's his personal speech on LGBT rights in the country, addressed directly at Qatar's ambassador to Germany. pic.twitter.com/ODYZrsYWyq
— DW Sports (@dw_sports) September 19, 2022
„Укинете ја смртната казна. Укинете ги сите казни за оние кои отворено ја изразуваат својата сексуалност. Правилото дека фудбалот е за секого е многу важно. Не можеме да дозволиме да го прекршите колку и да сте богати. Добредојдовте во фудбалската заедница и како домаќини на голем турнир, но така е во спортот, мора да ги прифатите правилата“, рече Минден.