Connect with us

Ракомет

Ѓер прв финалист во ЛШ

Ракометарките на Ѓер ќе имаат можност да ја бранат титулата во Лигата на шампионките.

Со големата поддршка од трибините, ракометарките на Ѓер во полуфиналето на завршниот фајнал-фор турнир кој се игра во Будимпешта, го совладаа романскиот тим ЦСМ Букурешт со 26-20 . Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Грот со седум голови, а Гербиц постигна пет погодоци.

За Ѓер тоа ќе биде седмо финале, во кое ќе атакува на четвртиот трофеј.

Кој ќе биде нивен противник во финалето ќе дознаеме вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален меч во кој ќе играат македонскиот првак Вардар и рускиот Ростов Дон во меч кој ќе започне од 18 часот.

Во истиот термин (18 часот) утре ќе се игра и финалниот меч.