Connect with us

Фудбал

Герет Бејл во Тотенхем! Детали се откриени

Герет Бејл е на чекор до враќање во Тотенхем. Велшкиот напаѓач е подготвен да го напушти Реал Мадрид, а потврдата дојде директно од неговиот агент Џонатан Барнет.

„Се приближуваме и верувам дека овој договор ќе биде финализиран во рок од една недела“, рече Барнет.

За трансферот на Велшанец во касата на Реал Мадрид ќе влезат околу 20 милиони евра. Веднаш, се очекува тој да потпише 2-3 годишен договор со Тотенхем.

Последните две години, авантурата на Велшанецот во Мадрид беше катастрофална, бидејќи тој многу малку излегуваше на теренот.