Connect with us

Ракомет

Германскиот тим потврди: Миркуловски со нов договор и нова улога

Македонскиот 36-годишен ракометар Филип Миркуловски уште две години ќе остане во германскиот Вецлар. Како што соопшти клубот на својата официјална интернет страница, поранешниот македонски репрезентативец и еден од најдобрите ракометари ќе добие и нова улога, асистент-тренер.

-На моја возраст, се разбира морате да размислувате што ќе правите по завршувањето на професионалната кариера. Затоа сум му благодарен на Вецлар за укажаната можност и доверба за доделувањето на новата улога во тимот, изјави Миркуловски.

Миркуловски во Вецлар е од 2015-та година. Најдобрите моменти од кариерата ги помина во РК Металург.