Connect with us

Кошарка

Германците ја разбија Грција (ВИДЕО)

Германските кошаркари се првите учесници во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, кои денеска во четвртфиналниот меч убедливо ја совладаа селекцијата на Грција со резултат 76:63. 

Франц Вагнер беше прво име на средбата со 18 поени, 13 постигна споменатиот Шродер со 7 асистенции, а 10 постигна Јоханес Тиман. За Грција се истакна Јанис Антетокунмпо со 22 прекини. Во полуфиналето Германија ќе се соочи со подобриот од Канада и Франција, кој е закажан за 18 часот. Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од дуелот Србија и Австралија (14.30 ч.) и Бразил и САД (21.30 ч.).