Connect with us

Фудбал

Главна причина за заминувањето на Анчелоти е Левандовски

Бунтот против Анчелоти го предводел Роберт Левандовски, кој бил незадоволен од стилот на играта што го форсира сега веќе поранешниот тренер. Исто така, Полјакот бил незадоволен што не му било дозволено да направи трансфер во Реал. Левандовски не се согласувал и со трансфер-политиката, односно сметал дека клубот требало да донесе вистински ѕвезди, скапи играчи, а не фудбалери од типот на Хамес Родригез и Толисо.

Томас Милер го загуби местото во стартната постава и минатата сезона е најлоша во неговата кариера. И тој сакаше да замине од Минхен, но Анчелоти не му дозволи.

Франк Рибери и Матс Хумелс, поради лошата форма, се преселени на клупата, што беше сигнал и тие да му се приклучат на бунтот.

Аријан Робен од солидарност застанал на страна на соиграчите одбивајќи да го поддржи тренерот.

Играчите наводно сметале дека многу повеќе и подобро се работело кај Пеп Гвардиола, а и дисциплината била на повисоко ниво. Гвардиола бил директен и секој играч точно знаел што се бара од него, а Анчелоти се потпирал на јавното мислење.