Connect with us

Фудбал

Главното „лице“ на ПСЖ ја разреши дилемата околу ароганцијата на Килијан Мбапе

Кајлин Мбапе беше во очите на јавноста во изминатиот месец.

Францускиот фудбалер се однесуваше многу арогантно на теренот. Во една прилика дури реши да се откаже од акцијата бидејќи неговиот соиграч не му ја подаде топката и доста ги налути навивачите.

Наводно, Мбапе имал приватни проблеми кои го направиле видно нервозен. Сепак, француските медиуми пишуваат дека тој всушност е многу арогантен кон сите во клубот и дека сака да го прашуваат за се.

Посебно се споменуваше неговата пресметка со Бразилецот Нејмар. Наводно, дуото се скарало бидејќи и двајцата сакале да ја играат улогата на лидер.

Се споменуваше и дека Мбапе побарал заминување на Нејмар. Наводно и Бразилецот бил на трансфер листата, но спортскиот директор на ПСЖ Луис Кампос ги отфрли овие наводи.

“Нејмар не беше на трансфер листата. Тоа е целосна лага. Исто така, Килијан Мбапе никогаш не побарал да си замине”, изјави Кампос и потоа откри дека францускиот репрезентативец не е она што се претставува пред јавноста.

„Тој е секогаш на време. Тој е целосно вклучен во проектот што го имаме со овој тим и клубот“, изјави Кампос.

Нејмар влезе фантастично во новата сезона, можеби подобро од кога било во дресот на ПСЖ. Тој одигра 10 натпревари и има постигнато 11 гола и седум асистенции.

Од друга страна, Килијан Мбапе одигра осум натпревари. Се уште нема регистрирано асистенција, но има постигнато 10 гола.

Како и секогаш, ПСЖ влезе силно во францускиот шампионат и тешко дека некој ќе им ги наруши сметките, а во Лигата на шампионите имаат две победи од два меча.