Connect with us

Други спортови

Глетка која го шокираше светот – олимпискиот шампион спие покрај клупа во парк во Париз?! (ВИДЕО)

Томас Цеконе (23), италијански пливач, е фотографиран како спие покрај клупа во олимпиското село во Париз, што на социјалните мрежи е поврзано со некаков протест поради условите во селото на кои се жалат спортистите. Сепак, неговиот гест нема врска со тоа, тој едноставно сакаше да биде сам, беше истакнато вo соопштението од Италијанската пливачка асоцијација.

-Тоа беше само дремка – соопшти Италијанската пливачка асоцијација, објаснувајќи дека видеото е направено среде бел ден, а автор е саудискиот веслач Хусеин Алиреза. Веројатно ниту Саудиецот не можеше да претпостави дека клипот ќе предизвика огромна бура на социјалните мрежи, но кога тоа го направи, властите во Италија беа принудени да реагираат.