Connect with us

Фудбал

Го делеа 24 часа од ампутација, спиеше во хотел за проститутки, а можеше да биде најдобар

Ова е неговата приказна. Приказната за еден од најдобрите играчи од Јужна Америка што светот ги видел. Но, не толку колку што требаше да биде. Алесандре Пато беше „новиот Роналдо“, Милан уживаше да ја гледа неговата мајсторија, но за жал – на прекратко време.

Алесандре Пато, поранешниот напаѓач на Милан и еден од најталентираните играчи досега, еднаш во голема исповед за „Плајерс трибина“ проговори за се што му се случувало во кариерата.

-Што се случи со Алесандро Пато?

Зошто Пато не ја освои Златната топка?

Зошто Пато секогаш беше повреден?

-Требаше одамна да одговорам на овие прашања. Имаше толку многу гласини, особено во Милано. Премногу се журкав и секогаш бев на забави. Немав желба. Живеев во имагинарен свет. Но, кога сакав да разговарам, ми рекоа да се фокусирам на фудбалот. Бев премногу млад за да си противречам. Навистина, јас бев само дете. Затоа мислам дека е вистинско време работите да се исправат, да се разјаснат. Сега имам 33 години. Јас сум среќен. Здрав. Не сум огорчен за никого и ништо. Ако сакате да верувате во гласините, не сум тука да ве предомислам.

-Но, ако сакате да слушнете што навистина се случило, тогаш слушајте внимателно, ја започнува приказната Пато за „Players Tribune“.

-Првото нешто што треба да го разберете е дека го напуштив мојот семеен дом многу рано. Премногу рано. На 11 години не сте подготвени за светот. Тргнавте да ги исполните вашите соништа, но сте сами и лесно можете да се изгубите на патот. Господ ми даде подарок, тоа е јасно. Јас дури и не играв на терен со целосна големина до својата десетта година, футсалот ми беше поинтересен. Сеуште имам стипендија од приватно училиште. Еден ден играв на турнирот во тоа училиште, а скаут од Интернационал го праша татко ми:

-Господине, дали размислувавте да му дозволите на вашиот син да проба фудбал 11-на-11?“

Одговорот на таткото беше: „Хммммм, мислам дека имаш поента“.

И така добив проба во Интернасионал. Така завршив во хотел за проститутки. Дозволете ми да објаснам. Во тоа време немавме многу пари. Мајка ми не можеше да работи поради проблем со грбот, а татко ми се грижеше за мојот постар брат, сестра и мене. Цел ден беше надвор од дома – беше градежен работник на автопат. Секогаш имаше храна на масата, но не можевме да си дозволиме книги во приватно училиште. Се појавив со фотокопии. Татко ми возеше Буба (Фолксваген ). Никој друг немал таков автомобил на училиште. Кога ме возеше до училиште, го замолив да ме остави неколку улици подалеку од главниот влез. Се запраша „Ама зошто синко“, а јас би одговорил дека сите мои пријатели беа во близина, иако всушност никој немаше таму. Еднаш една симпатична девојка дојде до мене пред училиштето и ме праша: „Еј, ти си тој со бубата, нели?“ Потоа почна да се кикоти. Проклето…

Како и да е, татко ми понекогаш мораше да биде креативен. Дојде големиот ден и отидовме на проба на Интернационал. Можност за цел живот. Патувавме девет часа од Пато Бранко до Порто Алегре, а кога стигнавме, татко ми сфати дека немаме пари да останеме во пристоен хотел. И што направи? Добивме соба во мотел за проститутки.

„Синко, ова е единственото место што можам да си го дозволам“, рече тој. Човече, немав поим! Бев премногу млад за да разберам. Нашата соба имаше само еден мал кревет. Хотелот беше спроти Беире-Рио за луѓето да можат да имаат односи додека гледаат во стадионот на Интернасионал. До ден денес јас и татко ми се шегуваме со таа приказна, вели Пато.

Следната сцена, шетаме по стадионот и ни приоѓа директорот на клубот. „Дечко, не си на тренинг? Проклетство. Ја измешавме саатницата, а башка ми останаа патиките во хотелот. Татко ми истрча да ми земе пар копачки, но кога се врати имаше една со гумена и една со метални крампонки.

„Тато, дали се шегуваш со мене? Како да играм во ова?“

За среќа, се случи да се најде човек кој беше лице во академијата, се викаше Косао. Ми позајми пар нови копачки. Си реков ајде покажи кој си. Фала му на Бога, Интер ме прифати. Но, се колнам, не размислував да бидам професионалец. Всушност, се чувствував благословен само поради фактот што играв. Можеби сте ја слушнале оваа приказна порано… Една година претходно, се сопнав на синџир на паркинг и паднав на левата рака. Толку ме затегнаа со завои што бев половина човек, половина мумија. Играв турнир со рака која ми висеше. После тоа дојдов дома и играв глупава игра со другарите во која тој што ќе станеше од софата ќе добие удар, ако не успееше да побегне. Беше забавно додека случајно не седнав на левата рака и не почувствував таква болка што се прошири до мојата нога. Лекарите направиле рендген и откриле голем тумор. Мораше итно да се оперира, во спротивно ќе требаше да ја ампутираме“, рекол докторот.

Бев во шок, 24 часа од губење на левата рака. Мислиш дека моите родители имаа пари за операцијата? Се прашувавме што да правиме, а таткото повторно беше креативен. Честопати ги снимаше моите натпревари. Ги зел видео лентите и ги однел во болница, се молел и му ги покажал на докторот видеата од насмеаното дете кое трча по теренот за мал фудбал. „Докторе, ова е мојот син. Не знам како да платам за операцијата, само знам дека не сакам да престане да игра фудбал“, изјави татко ми. И тогаш, не знам што точно се случи. Можеби докторот мислеше дека сум добар. Можеби го слушнал Божјиот глас. „Не грижете се, операцијата е на мене“, рече тој.

Ви велам, тоа беше чудо! Никогаш нема да го заборавам тоа име – Пауло Роберто Муси. Тој ми даде нов живот.

За оние кои имаат време и сакаат да дознаат се што се случувало во кариерата на Пато, може да го прочитаат на следниот ЛИНК.