Connect with us

Фудбал

Го имаме и третото напуштање од тренерската клупа во Ла Лига…

Маноло Маркез по само три месеци одлучи да го напушти тренерското место во шпанскиот прволигаш Лас Палмас. Тој поднесе оставка и стана третиот тренер кој си заминува од тренерската функција оваа сезона во Шпанското фудбалско првенство.

Оставката на Маркез ја потврди клубот од Канарските Острови, но не ги соопшти причините за заминувањето на тренерот.

Лас Палмас по шест кола во Примера има две победи и четири загубени натпревари.

До назначување на нов тренер клубот ќе го водат помошниците Хуан Карлос Валерон и Пакито Ортез.