Connect with us

Фудбал

Го купија пред шест месеци, има клаузула од 300 милиони евра, а веќе заминува од Барселона

Веројатно само оние најверните фанови на Барселона знаат кој е Матеус Фернандес. Тоа е фудбалер кој Барселона го купи во зимскиот преоден рок за седум милиони евра, а плус три требаше да ги исплати на Палмеирас низ разни бонуси. Но, тоа нема да се случи. Овој фудбалер не стигна ниту да тренира со првиот тим на Каталонците, а не пак да заигра официјален меч.

Имено, Барселона во јануари потпиша со него договор до 2025-та година, му вметна клаузула од 300 милиони евра, па беше директно испратен на позајмица во Ваљадолид. Сепак, наводно поради проблеми со документите дозвола за настап доби пред неколку месеци.

По завршувањето на сезоната повторно стана играч на Барса, се врати од позајмицата, но Каталонците објавија дека поради повреда ќе мора на пауза. Сепак, каталонските медиуми пишуваат дека новиот тренер на Барселона, Роналд Куман му соопштил дека не смета на неговите услуги и дека може да бара нов клуб.

Па така, Фернандес нема да доживее ниту официјална промоција во Барселона бидејќи ќе биде продаден, или во најмала рака испратен на позајмица.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com