Connect with us

Фудбал

Го одби Бекам за да се пресели во Атлетико Мадрид

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани договорил тригодишен договор со Атлетико Мадрид, објавија шпанските медиуми повикувајќи се на веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио.

Договорот на напаѓачот со парискиот клуб му истекува во јуни следната година.

Кавани игра за ПСЖ од 2013 година. За време на неговиот престој во парискиот клуб има одиграно 290 натпревари, постигнато 196 голови и забележано 40 асистенции.

Според медиумите Кавани одбил богата понуда од Дејвид Бекам кој е сопственик на тимот Интер Мајами кој од оваа година ќе игра во МЛС лигата.