Connect with us

Фудбал

Го потопи неговиот поранешен клуб со два гола, победа на „Виолата“ над Удинезе

Фиорентина по долга пауза забележа победа против екипата на Удинезе.

„Виолетовите“ пред своите симпатизери во Фиренца славеа победа над Удинезе со 2-1, со што ја прекинаа серијата од три натпревари без триумф во Серија А

Двата гола за Фиорентина ги постигна францускиот интернационалец Сирил Торо (28 и 57 минута), додека погодокот за гостите од Удине го постигна Бразилецот, Самир (72 минута).

Ова беше трета победа на Фиорентина која сега е 11-то рангирана со 10 бодови, додека Удинезе го претрпе и третиот пораз во осумте одиграни средби.