Фудбал
Го потврдија квалитетот – Елмас со Наполи во осминафинале
Ливерпул со победа и тешки три бода си оди од гостувањето кај Салцбург (0-2).
Ливерпул ги искористи своите шанси и го испрати Салцбург во Европската лига.
Пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите обезбедија и Елиф Елмас и Наполи, по вечерашниот триумф од 4-0 над Генк. Македонскиот репрезентативец го проследи целиот меч од клупата за резерви, а во главна улога беше Милик, кој постигна хет-трик уште во првото полувреме. Конечните 4-0 од пенал ги постави Мертенс.