Connect with us

Фудбал

Го продаде Њукасл за 300 милиони фунти, а во пабот се посрамоти како никој до сега

Англискиот бизнисмен Мајк Ешли по 14 години одлучи да го продаде Њукасл и да заработи огромна сума на пари.

Ешли немаше многу забележливи резултати како сопственик на клубот со „Ст. Џејмс Парк“, поради што навивачите во претходните години бараа од него да го продаде клубот, што на крајот го стори.

Пред неколку дена од Њукасл беше потврдено дека Ешли го продал клубот за дури 300 милиони фунти и нов сопственик е саудискиот принц Мохамед бин Салман.

Ешли е меѓу 100-те најбогати луѓе во Велика Британија, а по продажбата на Њукасл неговото богатство се проценува на околу 2,7 милијарди фунти.

По продажбата на Њукасл Ешли и неговите соработници одлучија да го прослават во паб во Лондон. Тие беа во пабот Кингс Армс, каде што поминаа неколку часа и знаеја дека слават огромна работа.

Ешли им плаќал на своите соработници онолку колку што можеле да пијат, а сопственикот на овој паб рекол дека атмосферата била одлична.

„Сите беа одлично расположени. Сите беа во одела и се смееја и уживаа. Не знаев дека тогаш човекот заработи само 300 милиони фунти. Атмосферата беше одлична и на келнерката и остави пет фунти бакшиш на крајот“, рече сопственик на пабот.

Ешли и неговите соработници пристигнаа во пабот околу 17 часот, а го напуштија во 23 часот.