Фудбал
Годин го напушта Интер, но останува во Серија А
Авантурата на Диего Годин во дресот на Интер ќе трае само една сезона, како што стојат работите сега.
Италијанските медиуми тврдат дека првата рунда преговори меѓу агентот на Годин и претставникот на Каљари веќе се одржала во еден ресторан во Милано.
Искусниот Уругваец треба да потпише двегодишен договор со тимот од Сардинија, а дел од платата, наводно, ќе покрие Интер.
Преговорите се во тек, но Каљари веќе одлучи дека засилувањето во одбраната ќе биде Годин, секако едно од најзвучните стоперски имиња во Серија А.
Минатата сезона во овој клуб на позајмица од Интер беше и Раџа Наинголан, а сега е ред на уругвајскиот стопер.