Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Торонто

НОВАК ЃОКОВИЌ го откажа настапот на овогодинешното издание на Мастерс 1000 АТП турнирот во Торонто, кој ќе се игра од 7 до 13 август, а како причина го наведе заморот. Последниот настап на Ѓоковиќ беше на Вимблдон, каде пред осум дена го загуби финалето од Карлос Алкараз, а претходно играше и на Ролан Гарос во Париз, каде ја освои титулата на 11 јуни.

„Отсекогаш уживав во Канада, но откако разговаравме со мојот тим, решивме дека е вистинската одлука да го прескокнеме овој турнир“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Торонто во 2007, 2011, 2012 и 2016 година.