Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ: Лудо, не знам што друго да кажам

Новак Ѓоковиќ по четири часа игра го победи Карлос Алкараз со 5:7, 7:6(7), 7:6(4) со чудесен пресврт во финалето на Мастерсот во Синсинати. На доделувањето на трофејот, Ѓоковиќ најпрво имаше пофални зборови за Алкараз.

„Човече, момче! Никогаш не се откажуваш. Господи Боже! Го сакам тоа кај тебе, но понекогаш посакувам полесно да играш некој поен“.

Новак потоа го коментираше натпреварот.

„Лудо, не знам што друго да кажам. Тешко е да се опише се што јас и тој доживеавме на овој натпревар. Ова е најтешкиот натпревар во мојата професионална кариера. Неверојатно. Од почеток до крај. И двајцата поминавме низ толку многу, неверојатни поени, лоши игри, шутеви, кревања, враќања. Не се сомневав дека можам да испорачам кога е најважно. И јас сум воодушевен“.

Тој повторно ја изрази својата почит кон својот ривал.

„Видовте, сите што го гледаа ова на стадионот и на телевизија, дека ова ривалство се подобрува. Почит кон него. Тој покажува храброст во такви моменти, тоа е импресивно“.