Други спортови
Ѓоковиќ продолжува да пишува историја од првото место на АТП листата
Иако нема играно од Австралија опен, Новак Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата на АТП листата и овој понеделник влезе во 414-та недела!
Тоа значи дека Ноле сега е две години подолго на првото место од следниот тенисер во историјата, а тоа е Роџер Федерер, кој беше на врвот 310 недели.
Со оглед дека разликата меѓу нив двајца е 104 недели, а една година има вкупно 52, јасно е дека Новак е недопирлив.
Ноле сега има 9.675 бодови и следната недела има турнир во Индијан Велс, а веќе се „чекирал“ во САД гледајќи го во живо во Лос Анџелес натпреварот помеѓу Галакси и Интер од Мајами.
На второ место е Карлос Алкараз со 8.805, Јаник Синер е трет со 8.270, а потоа следат Даниил Медведев, Александар Зверев, Андреј Рубљев, Холгер, Руне, Хуберт Хуркач, Каспер Руд и Стефанос Циципас.
Кога станува збор за другите српски тенисери во ТОП 100, Ласло Џере е 35-ти во светот, Миомир Кечмановиќ е на 51-то место, Душан Лајовиќ е на 60-та позиција.