Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ продолжува со добрите игри во Рим

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на „Мастерс“ турнирот во Рим.

Најдобриот српски тенисер беше подобар од Николас Басилашвили во вториот круг на турнирот во „вечниот град“, откако победи во два сета – 6:4 и 6:2.

Имаше голема борба меѓу двајца тенисери во првиот сет, но одлуката падна во финишот, кога Новак со два брејка дојде до 6:4 и предност во дуелот.

Во истиот ритам, Србинот продолжи и во вториот дел од натпреварот, кога врза три гема, поведе со 3:0 и практично го решил прашањето за победникот.

Во осминафиналето, ривал на Ѓоковиќ ќе биде Алберто Рамос, кој во вториот круг го елиминира осмиот носител Џон Иснер.