Други спортови
Ѓоковиќ се откажа од Мадрид
Новак Ѓоковиќ нема да учествува на претстојниот Мастерс во Мадрид, соопштија организаторите.
Во петокот тенисерот број еден во светот беше поразен во четвртфиналето на Отвореното првенство на Србија во Бања Лука од Душан Лајовиќ, а само ден подоцна стигна информација дека нема да игра во главниот град на Шпанија.
„Ти посакуваме брзо закрепнување, се надеваме дека ќе те видиме што поскоро на теренот Ноле“, објавија организаторите на социјалните мрежи.
Во изминатиот период српскиот тенисер имаше проблем со десниот лакт.
🇷🇸 @DjokerNole is unable to compete at the #MMOPEN
Wishing you a speedy recovery, we hope to see you back on court as soon as possible, Nole 😘 pic.twitter.com/M44rUvnrH1
— #MMOPEN (@MutuaMadridOpen) April 22, 2023
Ѓоковиќ трипати во кариерата победи во Мадрид, последен пат во 2019 година, а титулата ја брани Карлос Алкараз.
Турнирот ќе се одржи од 26 април до 7 мај.