Connect with us

Фудбал

Голем кикс на Челзи во борбата за Лигата на шампионите

Во последниот натпревар од саботната програма од 29. коло на англискиот фудбалски шампионат, Астон Вила го совлада Челзи со 2:0 како гостин.

Гостите од Бирмингем стигнаа во водство благодарение на Воткинс во 18. минута кога ја искористи погрешната проценка на Кулибали и излезе пред Кепа, а Мекгин со прецизен удар од 20 метри во 56. минута го постави конечниот резултат.

Со оваа победа Астон Вила го прескокна Челзи во поредокот, сега е деветти со 41 бод, додека Челзи е 11-ти со 38 бодови, дури 11 помалку од Тотенхем кој го држи местото кое води во Лигата на шампионите следната сезона.