Connect with us

Фудбал

Македонските медиуми објавија дека е уапсен, а тој ужива во ВИП ложата на „Сантијаго Бернабеу“

Истрага за фудбалскиот менаџер кој потекнува од Македонија, односно кој е роден во Тетово, ФалИ Рамадани и неговиот бизнис партнер Никола Дамјанац има, тоа е точно. Се сомничи за прикривање на данок, а дел од истрагата се неколку трансфери кои ги реализирала нивната менаџерска куќа.

Но, дека е уапсен денеска, тоа не е точно. Доказ за тоа е фотографијата на Фали Рамадани во ВИП ложата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ на мечот Реал Мадрид – Манчестер Сити.

Долем дел од македонските портали објавија дека тој и Дамјанац се уапсени. Истото го објавија и дел од српските порали, но стигна демант. Истото за дел од српските медиуми го демантираше и неговиот бизнис партнер Никола Дамјанац.

Но, сепак точно е дека ќе има судска постапка и дека утре и двајцата треба да се појават пред истражен судија. Целиот случај се води во Шпанија.

Наводно преку фиктивни потписи „испрани“ се 10 милиони евра.