Connect with us

Фудбал

Голем проблем во Наполи: Ѕвездата го напушти теренот во солзи, го пропушта мечот против Барса?

Пет дена пред реванш натпреварот од Лигата на шампиони против Барселона, Нпаоли се повреди од еден од клучните играчи Лоренцо Инсиње.

Фудбалерот на Наполи вчера доживеа повреда на бутниот мускул во победата од 3:1 против Лацио и го напушти теренот со солзи во очите, па оправдан е стравот дека ќе пропушти еден од најважните натпревари во сезоната.

Според првите информации од медицинскиот тим на Наполи, Инсиње има проблем со мускулите, но повеќе детали ќе бидат познати во следните 48 часа.

Сепак, на прв поглед повредата не изгледа безопасна и многу е можно дека Наполи ќе мора да се соочи со Барселона без брзите Инсиње.

Првиот натпревар помеѓу Наполи и Барселона заврши со резултат 1: 1, а возвратниот натпревар ќе се одигра следната недела.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама