Connect with us

Фудбал

Голем скандал го тресе Челзи

Откако Томас Тухел доби отказ поради чудни околности, конечно се се смири и мирно почнаа да работат во Челзи.

Доведоа нов тренер Греам Потер и активно бараат спортски директор и преговараат со неколку имиња.

Меѓутоа, сега овој фудбалски клуб го тресе скандал, а главната улога ја има човек кој во клубот пристигнал пред неполн месец.

Станува збор за комерцијалниот директор кој по неполн месец поминат во клубот доби отказ поради испраќање недолични пораки.

Неговото име е Демијан Вилоби, а отказот што го доби беше ефективен веднаш, без можност за каква било дискусија.

Според пишувањата на медиумите од Англија, управата на клубот дошла во посед на пораките што ги испратил Вилоби, и веднаш го разрешила.

„Жртва“ на неговите пораки беше неговата колешка во Челзи задолжена за финансии, а се вика Каталина Ким.

„Доказите што ги добивме се јасни и во последните неколку дена беше спроведена брза истрага за се што се случи. Не сакаме да толерираме вакво однесување и веруваме дека е невозможно да се толерира“, објавија набрзо од Челзи.

Таа се пожали на главните луѓе во клубот, а на крајот сè стигна до претседателот на клубот, кој ги погледна пораките и му ја предаде отказот на Вилоби.