Connect with us

Фудбал

Голема трагедија во Парагвај, почина 15 годишен фудбалер, кој беше повреден во тепачка на натпревар (ВИДЕО)

Парагвај викендов го потресе смртта на фудбалерот Исмаел Домингез (15), кој почина како последица на ударите кои ги доби за време на тепачка на натпревар. Трагедијата се случи во парагвајскиот град Сан Бернардино за време на натпреварот помеѓу Национал и Бојуерон ФБЦ. На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа дека дошло до тепачка меѓу играчите на овие два тима.

Според тренерот на несреќниот фудбалер, Исмаел паднал во несвест откако добил удар одзади. Во моментите додека лежел на земја добил уште два-три удари од други лица.