Connect with us

Фудбал

Големото засилување на Јунајтед поради проблеми со срцето заврши на операција, го чека подолга пауза

Нусаир Мазрауи, големото засилување на Манчестер Јунајтед, кој минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“ од Баерн, заврши на операција на срцето која беше успешно извршена денеска. Како што е соопштено, станува збор за мала операција на која Мароканецот морал да се подложи откако почувствувал дека срцето му работи неправилно.

Мазрауи брзо ги пријавил аритмиите кај клупските лекари, кои реагирале и го упатиле на операција, која била успешно извршена денеска. Првите најави и проценки велат дека Мазрауи го чека двомесечно отсуство од терените. Мазрауи би требало да се врати на тренинзите во втората половина на ноември, додека на игрите сигурно нема да биде до декември.