Connect with us

Фудбал

Голман во Албанија скокнал од 6 спрат, лекарите се борат за неговиот живот

 Голманот на албанскиот тим Партизани, Алдо Теќа синоќа по мечот со Теута (1:1) се фрлил од шестиот спрат од зградата во која живеел. Тој е хоспитализиран на клиничкиот центар во Тирана и лекарите се борат за неговиот живот.

Според последните информации, шансите да остане жив се големи, бидејќи ниту еден витален орган не е уништен. Според медиумите неговите соиграчи и семејството цела вечер се пред клиничкиот центар во Тирана.

Првичните информации велат дека Теќа се фрлил откако имал жестока расправија со неговата девојка. Но, сепак сето ова е на ниво на шпекулации.