Ракомет
Голманот на Кјелце мора на операција
Хрватскиот репрезентативец Фили Ивиќ го повреди менискусот на коленото и ќе мора да направи пауза во наредните два месеци. На вчерашната прескоференција е одлучено Андреас Волф да дојде во Кјелце по истекот на неговиот договор со Кил во 2019.
Ивиќ се повреди на натпреварот против Целје од Лигата на шампионите. По лекарските прегледи лекарите утврдиле дека станува збор за сериозна повреда на менискусот на коленото и ќе мора да биде санирана со операција. Операцијата ќе биде извршена во Загреб исто така Ивиќ ќе мора да направи пауза од 6-7 недели.
На голот во Кјелце ќе биде Славомир Шмал, и замената на Ивиќ полскиот тинајџер Милош Валач кој има 16 години.