Connect with us

Фудбал

Голманот на ПСЖ е пуштен од одделението за интензивна нега

Резервниот голман на францускиот фудбалски шампион ПСЖ, Шпанецот Серхио Рико (29), кој на крајот на мај доживеа тешка несреќа јавајќи коњи, во средата беше пуштен од одделението за интензивна нега во болницата во Севиља. Рико повеќе не е на интензивна нега, но ќе остане во болница за да се следи неговата состојба.

Минатата недела болницата објави дека 29-годишниот голман е свесен и комуницира, потврдувајќи го она што неговата сопруга претходно го кажа за медиумите. Шпанецот на крајот на мај падна од коњот додека јаваше во Шпанија, при што се здоби со тешка повреда на мозокот, а во несреќата скрши и неколку пршлени на вратот.

Во тешка состојба бил пренесен во болница, веднаш бил ставен на апарати за одржување во живот, а лекарите успеале да му го спасат животот. Рико пристигна во ПСЖ во 2019 година од Севиља. Во парискиот клуб забележа само 14 настапи, а една сезона мина на позајмица во Мајорка. Во текот на кариерата бранеше и за Фулам.