Фудбал
Гомеш повторно бара излез од Барса.
Португалскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Андре Гомеш е решен по секоја цена да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.
Поранешниот фудбалер на Валенсија не е задоволен од минутажата која ја има на “Ноу Камп”, но потребаната дозвола за да ја промени средината ќе ја добие само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 25 мил. евра.
Таква понуда може да се очекува само од раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем или од чениците на италијанскиот калчо гигант Јувентус.