Connect with us

Фудбал

Гомеш успешно опериран по хорор повредата, следува долго опоравување

Фудбалскиот клуб Евертон преку своите официјални гласила соопшти дека операцијата на Андре Гомеш била успешна и поминала многу добро. Се очекува негово опоравување, кое секако ќе биде долго.

Клубот Евертон им се заблагодари на поддршката на сите, а ги имаше навистина многу кои испратија голем број пораки.

Андре Гомеш се повреди викендов на дуелот против Тотенхем, кој по стартот од зад грб на Сон и судирот со Орие, се здоби со скршеница на глуждот на ногата.