Connect with us

Ракомет

Гонзалес: Треба анализа на Монпелје

По денешната ждрепка во која Вардар како противник го доби Монпелје, тренерто на екипата Раул Гонзалес изјави:

„Сега треба добро да се анализира Монпелје. Јас ги гледав нивните натпревари сезонава, но само како обичен гледач. Следува анализа на тоа што го играат. Имаат различна екипа од порано, играат со многу самодоверба и бидејќи ова е голем успех за нив сигурно ќе бидат мотивирани. Ние се спремаме како и за секој противник. Има време за се, несакам ништо да прогнозирам ниту да анализирам сега. Го знаеме противникот и сега ќе се фокусираме на тоа, вели Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.

Монпелје беше европски првак во 2003 година, но откако се игра новиот формат со Ф4 во Келн ова е првпат да бидат во ситуација да играат за титулата.