Connect with us

Фудбал

Горазд Михаилов нов тренер на првиот тим на Брера

50 годишниот тренер Горазд Михаилов е назначен за шеф на стручниот штаб на првиот тим на Брера Струмица. Ова е одлуката на управата на клубот, откако пред два дена, спогодбено се раздели со српскиот стратег  Бојан Круљ откако екипата го забележа и третиот последователен пораз во првенството

Горазд Михаилов со играчите имаше состанок а го одработи и првиот тренинг на Спортскиот центар Пандев. Михаилов беше тренер на скопски Вардар каде во средината на август по победата над Пелистер си поднесе оставка.

Михаилов е добро познат на македонската фудбалска јавност и како играч и како тренер. Во својата кариера ги има водено и екипите на Силекс, Борец од Велес, Тетекс, Напредов, Пелситер и Охрид а извесен период беше и во Приједор во Босна и Херцеговина