Connect with us

Фудбал

Гордан Грахан: „Генетски сме уназадени, најниска репрезентација сме“

Селекторот на шкотската фудбалска репрезентација Гордан Грахан рече дека најголем проблем му претставува малата висина на неговите играчи што ги прави инфериорни во скок играта со противниците.

Шкотска одигра 2:2 вчеравечер со Словенија, а двата гола ги прими по прекин и нафрлени топки и пропушти можност со победа да игра бараж за пласман на Светското првенство.

Не можам тука ништо да сторам. Не можам да најдам 11 џинови и да ставам во тимот. Генетски сме уназадени. И во минатите квалификации бевме најниската селекција заедно со Шпанија. Можеби треба да ги спариме високите жени и мажи во цела Шкотска па да видиме што ќе добиеме, изјави Шкотскиот селектор.

Шкотска последен пат на Светско првенство учествуваше во Франција 1998 година.