Ракомет
Ѓорѓевски потпиша за Металург
Мартин Томовски замина во Лудвигсхафен а пак Никола Даниловски во Охрид, по што ракометниот клуб Металург мораше да бара решение на позицијата голман во пресрет на новата сезона.
Изборот падна на некогашниот член на македонскиот и европски првак Вардар, Даниел Ѓорѓески кој со тимот од Автокоманда се договори на двегодишна соработка и ќе ја дели минутажата со Даниел Дупјачанец.
Ѓорѓески бранеше за Работнички, Вардар Јуниор Вардар и битолски Пелистер.
фото: 24rakomet.mk
Извор: Дриблинг