Connect with us

Фудбал

Ѓоровиќ: Фудбалот во Македонија е во подем

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Србија, Горан Ѓоровиќ е свесен дека неговите избраници ги чека тешко гостување во Скопје, каде Македонија и Србија в петок ќе играа во квалификациите за Европското првенство што во 2019 година ќе се одржи во Италија.

– Македонија како и ние, има нова селекција. Нема сомнение дека фудбалот во оваа земја е во пораст, за тоа говорат резултатите на репрезентациите, но и на клубовите. Добро сме запознати со нивните квалитети, но ќе повторам – гледаме пред себе, бидејќи знаеме колку можеме и што можеме, изјави Ѓоровиќ.

Српската селекција вчера ги започна подготовките за дуелите против Македонија и Русија, во кои Ѓоровиќ нагласува дека неговите избраници ќе одат на победа.

– Пред нас се два меча во кои влегуваме со амбиции да победиме. Ги почитуваме сите, но имаме одлични играчи кои веруваат во себе и во квалитетот кој го поседуваат. Сепак, ќе одиме чекор по чекор, дополни српскиот селектор.

Квалификацискиот натпреварот меѓу Македонија и Србија ќе се одигра на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, а мечот ќе започне од 15 часот.