Connect with us

Фудбал

Господин Промашување: Само за Роналдо и Нејмар биле потрошени повеќе пари

Седум години играше за некои од најголемите клубови – Реал Мадрид, Јувентус, Челзи, Атлетико – но овој напаѓач само во еден од нив беше достоен за неверојатните милиони што се вртеа во неговите трансфери.

Алваро Мората (26) повеќе е познат по промашувањата, кризите, депресиите и честата промена на клубови отколку за неговите голови (101 во 296 натпревари).

Откако беше потпишано дека Мората следното лето ќе ја претвори позајмицата од Челзи ви Атлетико во трансфер со отштета од 60 милиони евра, тој официјално стана најскапиот шпански фудбалер во историјата.

Откако во 2012 година дебитираше како професионалец, за него се платени вкупно 192 милиони евра отштета.

Пред пет години, Јувентус му плати на Реал Мадрид 22 милиони евра за него. Две години подоцна, мотивиран од одличната игра за Јувентус, матичниот клуб ја искористи откупната клаузула од 30 милиони евра и го врати на Бернабеу.

Но, таму не успеа да се наметне. Тоа сепак не го поколеба Челзи пред две години да плати дури 80 милиони евра за него.

Се покажа дека тоа беше едно од најголемите промашувања во историјата на Челзи, па Мората беше даден на позајмица во Атлетико. Ни таму не брилираше.

Меѓутоа, Симеоне очигледно гледа во него нешто што другите не гледаат, па го убеди клубот да ги (над)плати тие 60 милиони евра за Мората.

Така се доаѓа до сумата од 192 милиони евра. Повеќе пари биле „свртени“ само за трансферите на Кристјано Роналдо и Нејмар.

Со премините од лисабонски Спортинг во Манчестер ЈУнајтед (19), Реал Мадрид (96) и Јувентус (117), Роналдо додега ги чинел неговите клубови 323 милиони евра.

Отштетите за трансферите на Нејмар досега ги чинеле клубовите вкупно 308 милиони евра – Барселона за него плати 86, а ПСЖ рекордни 222 милиони евра.

Третото место го држи Мората и ова е најверојатно единствената листа на која Шпанецот може да се најде во друштво на Роналдо и Нејмар.